Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од воспоставување единствен комуникациско-информативен систем со единствениот европски број за итни повици Е-112 во Република Македонија.
„Владата го задолжи Центарот за управување со кризи во наредниот период заедно со неколку надлежни министерства, како и институции, да најде начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на активностите“, се вели во соопштението.
извор: makfax.com.mk