Доаѓаат ли тешки денови за струмичките земјоделци. Луѓето се во грч, не знаат како ќе ја извадат пролетната сеидба, посебно оние кои веќе се задолжени со кредити оти засега никој не им гарантира дека цената на репроматеријалите нема да скокне.Агрономите смируваат, велат дека со закон неможело цената да скокне, ама се помалкиу земјоделци има низ аптеките.
Кои се надежите за спас на производството.Иванов вели, земјоделците го трчаат својот последен круг со надеж дека нешто ќе се смени, во врска со земјоделството, пдносно продажбата на земјоделски производи. Меѓутоа оваа година сме сведоци на катастрофални состојби.Но вина гледа и во стратегијата за сеидба.Секоја година има култура која преовладува , а нема пласман.
Останува фактот дека голем дел од земјоделците сеуште се борат со старите проблеми, скапи репроматеријали, дотраена механизација, намалено производство, несигурен пласман.Оваа година удар им е пандемијата со Ковид 19.Земјоделците надеж гледаат во земјоделскиот инспекторат кој на терен треба да ги решаваат проблемите со откупната цена, а за цената на репроматеријалите засега никој не им гарантира замрзнување на цените.