• Wed. Nov 27th, 2024

Љупче Љачев нов директор на ЈПКД Комуналец Струмица

ByЃ. K.

Jan 10, 2024

Градоначалникот Костадинов го именуваше Љупче Љачев за нов директор на ЈПКД Комуналец Струмица.
Човек кој има долгогодишно искуство во јавниот сектор, посветен финансиски работник.

Костадинов му се заблагодари на досегашниот директор Зоран Георгиев, за несебичната посветеност кон претпријатието и вработените, за сите успеси со кои сите ние граѓаните горди.

Зоран Георгиев продолжува со активна посветеност за општина Струмица, преземајки ја високата должност како главен координатор за сите јавни претпријатија во Струмица

Градоначалникот Костадинов на Љачев му посака многу работа и многу време посветено за интересот на граѓаните.

By Ѓ. K.