На Денот на вљубените, 14 февруари (среда) со почеток од 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи концерт во живо насловен како „Љубов од гитари“.
На концертот ќе настапат ученици на професорот Васко Пиличев со бенд во живо, како и Славица Ангелова, Ана Цамбулева и Теодора Сретеновиќ.
Струмичани ќе имаат можност да уживаат и да ја прослават љубовта со музика за сите вкусови, направена од 60 учесници.