ЈПКД „Комуналец„ Струмица продолжи со акцијата за генерално чистење на Струмица. Во акцијата се чистеше горниот дел на градот а се влучени 30 работници, две машини за метење на улиците , 4 трактори, еден камион а по подигањето на сметот и метење на улиците вклучена е и цистерна која врши перење на истите. Сите граѓани од овие реони кој го пријавија својот отпад до недела до 12 часот на 13 110 ке биде подигнат во текот на акцијата.
Акцијата продолжува и наредните недели во месец Јуни и реонски ќе биде опфатен целиот град.