ЈПКД Комуналец врши обележување на контејнерите за отпад од домаќинствата како и местото околу нив со ознака за забрането паркирање како би можел автосмеќарот непречено да ги испразни.
Од Комуналец ги известија граѓаните дека таму каде што има два или повеќе контењери еден до друг да вршат примарна рециклажа т.е да го стават сметот во соодветните контењери. На тој начин уште на самиот почеток се овозможува понатамошно рециклирање со што значително се намалува сметот, а сето тоа е еден дел од заложбата за помалку ѓубре и почиста животна средина.