ЈПЕД „Струмица-Гас“ врши проширување на гасоводната мрежа во градот. Наскоро ќе започне изградбата на нов дел од примарна и секундарна градска дистрибутивна гасоводна мрежа на некои улици во градот.
-Станува збор за улиците „Кочо Рацин“, „Јосиф Јосифовски-Свештарот„, „Кузман Јосифовски-Питу„, Тошо Арсов„, „27-ми Март“ и „Стив Наумов“, рече директорот на Струмица Гас, Зоран Китанов. Според него, овие улици се тесни, па затоа голем дел од активностите ќе се изведуваат рачно.
Мината недела завршија и активностите на улицата „Иљо Шопов„ во должина од 830 метри, каде е поставена нова секундарна мрежа. Граѓаните од тој дел на градот веќе можат да се приклучат на природен гас, рече Китанов.
Струмица-Гас е прва македонка фирма која влезе во Друштвото на енергетска заедница на дистрибутери на природен гас на Европа, рече директорот Китанов.