• Sat. Nov 23rd, 2024

Јовчески: Во тек е изградба на капитални проекти во Прилеп

Денеска да им го честитам како на моите прилепчани така и на цела Македонија 11-ти Октомври денот на народното востание. Оттука почнува и револуцијата, односно отпорот и за постигнување на самостојна и независна Македонија, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„ На лице место сме на плоштадот Борка Талески единствениот незавршен крак кој гледате со автентични гранитни плочи се поплочува и е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме да биде со инфраструктура завршен. Воедно го посетивме и цевководот Пашовски ливади кој успеавме третата фаза да ја реализираме и таа за неколку денови завршува и Прилеп ќе биде обезбеден со некаде околу 15% на питка вода за пиење од онаа вода која ја обезбедуваме преку Студенчица.

Овие капитални проекти кои се во време на мојот мандат се надеваме дека ќе придонесат да го вратиме сјајот во Прилеп и да биде Прилеп еден од најубавите градови во Македонија.

Наскоро подготвуваме и градежна офанзива со тоа што се дефинираат повеќе од 40 улици, се мапираат кои ќе бидат рехабилитирани и со нов асфалт обновени. Така да ја завршуваме една добра комплетна слика приказна за 2022 година“ рече Јовчески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *