• Sat. Nov 23rd, 2024

ЈЗУ Општа болница Струмица со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за одделот хирургија

ByЃ. K.

Mar 27, 2024

ЈЗУ Општа болница Струмица обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија.

Со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно опоравување и пократок престој на пациентите во болница, за разлика од отворените хирушки интервенции.

Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија,
во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во нареден период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија,
како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во болницата со класични отворени хирушки методи.

Во болницата во текот на 2023 година се направени вкупно 1400 операции од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

By Ѓ. K.