Јапонската влада ќе донира комунално возило во Босилово.
Во рок од 6 месеци ЈПКД Огражден од Босилово ќе добие камион за собирање и транспорт на комунален отпад вреден околу 68 илјади евра откако вчера градоначалникот на општина Босилово и јапонскиот амбасадор во земјава Хиронари Савада потпишаа договор за донацијата.