Јапонската амбасадорка во земјава Кеико Ханеда ја посети општина Валандово каде пред неколку месеци како амбасада донираа ровокопач за потребите на тамошното комунално претпријатие во вредност од 60 илјади евра. Машината веќе ја користо Комунален сервис од каде тврдат дека ваквата машина била повеќе од неопходна со оглед на амртизираниот возен парк
Градоначалникот на Валандово се заблагодари за донацијата до јапонскиот нардо и подвлече дека како општина и во иднина ќе инвестираат во подобрувае на механизацијата која е неопходна за испорака на квалитетни услуги до граѓаните
Амбасадорката Ханеда најави дека соработката општина Валандово ќе продолжи и во иднина на сите полиња но посебен акцент ќе се даде на бизнис соработката бидејки валандовскиот регион нуди огромни потенцијали