Денеска во посета на општина Босилово беше aмбасадорот на Јапонија Хиронори Савада. На средбата, со Aмбасадорот Савада,. градоначалникот Ристо Манчев разговараше за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Во рамки на денешната посета, градоначалчникот Манчев и амбасадорот Савада го потпишаа договорот за ,,Проект за обезбедување на општина Босилово со комунално возило’’. Преку овој проект Јапонија ќе обезбеди ново комунално возило за општината во износ од 67.820 евра без ДДВ.