Јануарските сметки за комунални услуги во општина Гевгелија ќе бидат пониски, бидејќи ќе ги содржат само потрошувачката на вода за пиење и за одведување на отпадните води. А, тоа значи дека јануарските сметки за овие комунални услуги во споредба со декемвриските ќе бидат за 2 денари пониски.
Советот на општина Гевгелија, на последната седница минатата година, врз основа на пресметките и утврдените рамки од Регулаторната комисија одлучи овие комунални услуги наместо досегашните 19,14 денаридаизнесуваат 17,62 денари.
Војануарскитесметкинемадабидевклученапотрошувачкатазапречистувањенаотпаднитеводи. Во ЈПКД„Комуналец“ објаснуваат дека оваа услуга не е воведена, бидејќи процесните гаранции во јануари не биле завршени. Имено, согласно договорите за изведба на Пречистителната станица кај Гевгелија, беше потребно да се потврдат гаранциите дадени на тендерот, и тоа, гаранцијата за постигнатите параметри на водата и гаранцијата за потрошувачката на енергија.
Се очекува, новата услуга за пречистувањето на отпадните води да биде воведена во сметките кон граѓаните и во фактурите кон правните лица за месец февруари 2018 година. Односно, од тогаш да се пресметнува новата услуга согласно новата цена за оваа услуга.