• Fri. Nov 22nd, 2024

Јаневски: Работниците се движечката сила во општеството

„Овој празник отсекогаш претставувал симбол на борбата на работниците за нивните права, но и за истакнување на потребата од работничка солидарност. Таков треба и да остане овој ден, затоа што ви припаѓа и го заслужувате, затоа што Вие сте движечката сила од која зависи иднината и прогресот на економијата, но и развојот на општеството и заедницата, воопшто“, се вели во честитката за 1. Мај на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

          „Овој 1.Мај го дочекуваме во време на пандемија која не е само закана за здравјето на граѓаните од целиот свет, туку и времена пречка за нормално функционирање на работните обврски. Во вакви услови, најважно е да се зачува здравјето, оти само здрави можеме да го дадеме максимумот кој е потребен  за враќање во нормалните текови на работење и живеење.

          Останете на браникот на честа, достоинството, работничките права и солидарноста, и секако на адекватната валоризација на Вашиот труд“, порача Јаневски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *