• Fri. Nov 22nd, 2024

Јаневски: Нема простор за паника, почитувајте ги мерките

Градоначалникот на општина Струмица вечерва се обрати преку својот фејзбук профил, апелирајќи до граѓаните да не креваат паника по првиот регистриран случај во оваа општина. Еве ја неговата порака:

„Според денешната статистика на Министерството за здравство, во нашата Општина е регистриран првиот потврден случај на инфицирано лице со корона вирусот. Како Градоначалник и Лекар сакам да ве уверам дека место за паника нема. Надлежните институции ги презедоа сите мерки за заштита коишто се утврдени и се применуваат во вакви случаи.

Упатувам јавна молба до сите вас, да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид 19, а тоа значи задолжително носење заштитна маска, одржување социјална дистанца и никако собирање во поголеми групи.
Да издржиме и покажеме уште поголема одговорност кон сопственото и јавното здравје. Да не дозволиме нашата Струмица да стане ново жариште на Ковид 19“, вели Јаневски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *