Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола, со засилени мерки за заштита од коронавирус.Со седницата претседава досегашниот претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Од вкупно 120 пратеници кои добија мандати од Државната изборна комисија, на првата конститутивна седница дојдоа 117 пратеници. Дневниот ред беше изгласан од 116 пратеници, а воздржан беше еден пратеник.
Отсутни на првата седница се Арбер Адеми од ДУИ, Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Мендух Тачи од ДПА.
Со изгласување на дневниот ред, претседател на Верификациската комисија беше избрана Јагода Шахпаска, додека за членови се избрани Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковски и Сафије Садики-Шакини.
Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, даде пауза од 30 минути за да се одржи седница на Верификациската комисија, по што, ќе продолжи конститутивната седница. Следна точка на дневен ред е избор на претседател и потпретседатели на Собранието.