• Sat. Nov 23rd, 2024

„Јавна соба“ повторно на Телеграм, скопјанка вознемирувана поради монтирани слики

„Јавна соба“ повторно на Телеграм, скопјанка вознемирувана поради монтирани слики

Во нова група на апликацијата Телеграм, повторно со име „Јавна соба“, се објавуваат фотографии, фотомонтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од земјава, објави Телма.

Групата се појавила викендов, со име „Јавна соба резерва“, а според Телма, на девојка од Скопје ѝ биле објавени податоци од профилот на Фејсбук, заедно со туѓи фотографии со порнографска содржина.

Со часови, на девојката ѝ биле испраќани непристојни пораки и била вознемирувана. Поради големите непријатности, девојката го затворила профилот на социјалната мрежа.

Од сликите на новата група се гледа дека таа има над 1.340 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги поставил профил со лажно име „Артун Шелби“.

Ова е третпат да биде отворена група на Телеграм под име „Јавна соба“ на која се споделуваат податоци на девојки, по што тие се малтретирани и сексуално вознемирувани. Често се користат фотографии од разголени девојки, интимно споделени со партнерите кои ја злоупотребиле довербата на девојките, но сѐ почесто има и лажни фотографии со вистински податоци на вознемируваните жени.

Во првиот случај „Јавна соба“, донесена е првостепена пресуда против Дарко Костовски, како креатор на групата и на администраторот Михаил Паневски, кои се осудени на по четири години затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *