• Sat. Nov 23rd, 2024

Јавна презентација и анкета за Боров Дол во Конче, Штип и Радовиш

Вчера во Конче, денеска во Штип, в понеделник во Радовиш. Тоа се термините за јавни презентации и анкета за рудникот Боров Дол којшто треба да се отвори на територијата на овие три општини. На презентациите ќе има извештај и расправа за оценката за влијание врз животната средина, а граѓаните коишто ќе имаат забелешки ќе можат да ги испратат по електронски пат или по пошта на адреса на министерството за транспорт и врски.

Оваа информација масовно се проширува по социјалните мрежи и ги повикува граѓанските активисти да се приклучат на јавната презентација и да ги дадат своите забелешки за негативното влијание на рудникот врз средината.

Боров Дол е рудник за бакар и злато во чија експлоатација се гледа опстојувањето на Бучим. Доколку се отвори, стопаскиот живот на Бучим ќе се продолжи до 2031 година, во најдобра варијанта и до 2042, доколку се прошири Боров Дол. Во спротивно, рудникот ќе затвори за неколку години, бидејќи при крај се резервите коишто се исцрпуваат за работата на Бучим.

Доколку се отвори, рудникот Боров Дол ќе се протега на територија на трите општини Конче, Штип и Радовиш. Најголема површина ќе биде во општина Конче, 56, 75%, потоа Штип со 39,03% и Радовиш со незначителни 4,19%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *