ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање проекти од областа на “ ЛЕР, Култура, Образование, Заштита и унапредувањето на животната средина, Млади и Младинските политики “од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2016 година, од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.
Финансиските средства предвидени во Програмата G1- Поддршка на ЛЕР/трансфер до НВО, Од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од областа на ЛЕР, Култура, Образование, Заштита и унапредувањето на животната средина, Млади и Младинските политики по проект.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица до 2016 година
– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.
– За сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.
– Здруженијата како апликанти може да се јават како носители на проект или како партнери на проект најмногу на два проект, или поединечно само како носители и само како партнери.
Времетраење
Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат 01 април до 31 октомври 2016 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:
1.Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ кој може да се симне од веб страницата на Општина Струмица www.strumica.gov.mk
2.Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,
3.Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
4. Да достават Годишна програма на активности за 2016 година;
5. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
6.CV(биографија) на главниот вклучен персонал
7.Електронска верзија на предлог проектот –ЦД
Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 15 дена од објавувањето на јавниот повик во локалните медиуми.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица- Одделение за ЛЕР
ул.„Благој Мучето“ бр.37, ДОМ на АРМ
2400 Струмица
На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол „За јавен повик по G1 – Програма за поддршка на ЛЕР, во зависност од областа на делување
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2016 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.
Апикационен формулар G1 за 2016год.
Образец за завшен извештај
Барање за плаќање
Правила за програмата G1
Лице за контакт:
Тони Милушев
Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица
Тел:034/340 224.
mail: toni.milusev@strumica.gov.mk