• Thu. Nov 28th, 2024

ЈАВЕН ПОВИК за пројавување интерес за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ од Струмица

ByЃ. K.

Jan 15, 2024

На иницијатива на градоначалникот, а со одлука на Советот, Општина Струмица го објави Јавниот повик за пројавување интерес за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ од Струмица за оваа година.

Правото на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територијата на општина Струмица.
За семејства на самохрани родители кои имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се сметаат семејствата во кои eден од родителот е починат или непознат и за дете од разведен брак.
Подетални информации може да се добијат од Јавниот повик којшто е објавен на општинската веб страница, а е отворен 10 дена од денот на објавувањето.

Повеќе информации на ЛИНКОТ.

By Ѓ. K.