• Fri. Nov 22nd, 2024

Ѓоковиќ стави потпис на македонското знаме по победата против Фриц во Њујорк

ByЃ. K.

Sep 6, 2023

Новак Ѓоковиќ по 13 пат во кариерата ќе игра во полуфинале на Ју-Ес Опен, откако славеше против Тејлор Фриц со 6-1, 6-4 и 6-4.

Фриц ја имаше поддршката од поголем дел од публиката на трибините во Њујорк, но присутни беа и голем број навивачи од Балканот.

Меѓу нив беше и навивач од Македонија кој по мечот стигна до српскиот тенисер, му го подаде македонското знаме и доби вреден автограм.

By Ѓ. K.