• Sun. Nov 24th, 2024

Шумските плодови од Беласица да се искористат за развој на локалната економија, порачаа од Натура Нова

ByВане Трајков

Aug 23, 2019

Богатството на Беласица треба да се заштити и да се користи на одржлив начин но и да се создаде систем на додадена вредност на шумските плодови. Ова е порката што се упати од завршната конференција на проектот ,, Заштита на биодиверзитетот и економскиот развој на регионот на планината Беласица преку брендирани други шумски производи,, Откупувачите уште еднаш се пожалија дека нема собирачи на шумски плодови иако има огромен интерес за боровинките, печурките, малините, капините, костените од Беласица. Тврдат дека цените се солидни но нема работници што би можеле да собираат за да имаат дополнителен приход

Панче Николов од Натура Нова смета дека со маркетинг и промоција и брендирање на одредени производи со географско потекло од Беласица може да се потикнат собирачите да ги има во поголем број. Затоа треба соодветен настап и систем кој би бил во функција и на собирачите и на откупувачите но и преработувачките капацитети

Проектот треба да донесе утврдување одржлива употреба на други шумски производи под регистрран назив и потекло ни и подршка на локалниот економски развој преку промоција, маркетин и брендирани производи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *