Повеќе санкции, но и поголема одговорност во справувањето со еколошките предизвици, најавува новата министерка за екологија. Управувањето со отпадот е приоритет број еден во планираните проекти, објави Дојче веле на македонски јазик. На новинарско прашање на Дојче веле Зошто нема казни, Шукова вели дека треба да се размисли за воведување на комунална инспекција
Каја Шукова: Видете, ние не можеме да влеземе во домаќинство и да кажеме – на што се греете, на пластика, масло… И тоа е мал хендикеп. Затоа сметам дека треба повторно да размислуваме меѓу другото и на комунална полиција. Тоа е ставено во програмата на Владата и сега сакам да го реафирмирам тој процес. Имаме некаква верзија на закон. Ќе седнеме со јавните претпријатија да разговараме. Тоа ќе биде повеќе можеби во доменот на Министерството за внатрешни работи, но и ние ќе бидеме вклучени.