• Thu. Nov 21st, 2024

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

ByЃ. K.

Mar 25, 2024

Со векови туристите се собираат околу познатата Фонтана ди Треви во Рим и веруваат дека ќе им се исполнат желбите доколку фрлаат монети во нејзините води. Но, дали некогаш сте се запрашале што се случува со монетите кои се собираат на дното на фонтаната?

Овие монети одат во хуманитарни цели. Работниците од специјализираната комунална фирма ги собираат тие монети и ги предаваат на Каритас, католичката хуманитарна организација, каде се документира собраната сума и се одлучува за нивната употреба во разни хуманитарни проекти.

Исто така, со приходите од монетите фонтаната, Каритас им овозможува на луѓето со ниски приходи основни прехранбени производи преку Каритас Емпориум.

By Ѓ. K.