• Thu. Nov 21st, 2024

Штета што натпреварот заврши само со 3:0 вели Тренчовски, Живковиќ пак самокритичен – лошо игравме и не личевме на себе си

Академија Пандев и понатаму го држи приматот во струмичкиот фудбал откако и во вториот меѓусебен меч забележа победа против Беласица. По дуелот кој заврши во корист на пандевци благодарение на головите на Дориев, Крстовски и Миловановиќ за Канал ВИС коментираа двајцата стратези.

Југослав Тренчовски смета дека неговито тим одиграл одлично во сите сегменти и жали што натпреварот завршил само со 3:0 алудирајки на неискористените зицери на неговите пулени пред голманот на Беласица

Марјан Живковиќ пак смета дека Беласица лошо го одиграла овој меч без многу залагања во играта, транзицијата, офанзивата и смета дека фудбалски неговите играчи во овој дуел не личеле на самите себе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *