Шпанскиот премиер, Педро Санчез, најави дека планира од 27 април да ги олесни мерките за излез на децата од дома, за да може „да излезат на свеж воздух“, пренесе Макфакс.
Мерките беа воведени на 14 март, а со нив само на возрасните им е дозволено да ги напуштат домовите и да одат во продавница или аптека, додека на децата им е забрането излегувањето од дома, пренесува Би-Би-Си.
Санчез рече дека ќе побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба до 9 мај, бидејќи досегашните достигнувања сè уште не се доволни за животот да продолжи да тече без ограничувања.
Градоначалникот на Барселона, Ада Колау, исто така, повика на олеснување на мерките за децата.
Во Шпанија во изминатото деноноќие се регистрирани 410 смртни случаи.