Во телефонски разговор со Владимир Путин, германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон го повикаа рускиот лидер на „сериозни и директни преговори” со украинскиот претседател Володимир Зеленски и побараа ослободување на 2.500 заробени украински борци од Азовстал во Мариупол.
Во 80-минутниот разговор со рускиот претседател, двајцата лидери „инсистираа на итен прекин на огнот и повлекување на руските војници“, се вели во соопштението од кабинетот на германскиот канцелар.
Макрон и Шолц „го повикаа рускиот претседател на сериозни и директни преговори со украинскиот претседател и на дипломатско решение на конфликтот“ и побараа ослободување на околу 2.500 украински бранители од фабриката за челик Азовстал заробени од руските сили, соопшти француското претседателство по разговорите.
Целта на разговорите одржани на барање на Макрон и Шолц била да се влијае на тоа војната во Украина да се заврши.