Медицинарите од средното општинско училиште Димитар Влахов ќе добиваат искуства и знаења од Швајцарското медицинско училиште од Интерлакен. Благодарение на струмичанката Светлана Аврамов се интензивира соработката мегу овие две училиште кои има за цел подобрување на наставата за учениците од здравствените струки од Димитар Влахов.
За професор Емилија Котеска, соработката со училиштето од Интерлакен е во функција на подигнување на квалитетот и компетенциите што треба да ги добиваат средношколците кои утре задутре треба да работат како медицински сестри
Поголема практична настава за средношколците ! Ова недостасува на средношколците медицинари во Македонија, беше децидна Аврамов со што се сложуваат и професорите во Димитар Влахов
Секоја година во Димитар Влахов се запишуваат ученици во три паралелки од здраствената струка и тоа за медицнски сестри, физиотерапевти и фарамацевти