• Fri. Nov 22nd, 2024

Шахпаска : Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, за нас сите граѓани се еднакви

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн настан како дел од завршната конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) – Заштита од дискриминација “, во организација на Институтот за човекови права.

Министерката ја потенцираше важноста од носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој претставува  законско решение за кого гласаа заедно и власта и опозицијата, што е вистински сигнал дека нашето општество се движи во вистинска насока.

„Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. За нас сите граѓани се исти и секој има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен. Убавината на општеството ја прават различностите,“ истакна министерката Шахпаска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *