• Fri. Nov 22nd, 2024

Шар Планина од идната недела ќе се прогласи за Национален парк

Шар Планина од идната недела ќе се прогласи за Национален парк

Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк ќе се изгласа во Собранието наредната недела. Ова се најавите на министерот на животна средина Насер Нуредини, кој беше дел од медиумската теренска посета на Шар Планина во пресрет на заштитата на овој појас.

„Останува само пратениците да дадат зелено светло, завршени се сите дебати во собраниските комисии, се очекува пратениците да обезбедат кворум и да се гласа законот во Собранието, тоа е чисто формално работа, истакна Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Со прогласување на Шар Планина за Национален парк Македонија по 6 децении ќе добие заштитено подрачје. Еколошките организации го поздравија ваквиот чекор од каде истакнаа дека претходела макотрпна работа. Разговори и убедувања со локалното население, ловџиските друштва планинарите. Речиси сите засегнати страни прифатиле Шара да биде Национален парк, од кој несомнено ќе имаат бенефит.

Се работи за површина од 62 000 хектари. Со новото идно заштитено подрачје заедно со националниот парк Шари на косовската страна, Кораб во Албанија, како и нашиот Национален парк ќе добиеме еден од најголемите заштитени појаси во Европа, кој ќе има површина од 24 000 хектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *