• Sat. Nov 23rd, 2024

Човеколики роботи одговараа на новинарски прашања: Велат дека ќе бидат поефикасни лидери од луѓето

ByЃ. K.

Jul 8, 2023

Девек човеколики роботи со овозможена вештачка интелигенција седеа или стоеја со креаторите на подиумот во конференцискиот центар во Женева, на како што најави Меѓународната унија за телекомуникации на Обединетите нации, Првата светска конференција за новинари на која се претставени човеколики роботи.

Меѓу нив беше и Софија, првиот робот амбасадор на иновацијата за развоен програм на Обединетите нации, Грејс, опишана како најнапреден човеколик робот за здравсвена нега на светот и Дездемон, робот рок ѕвезда.

Роботите Геминоид и Надин, многу личеа на своите креатори, наведува АП.

Случувањето било дел од Глобалниот самит за вештачка интелигенција чија цел е да илустрира како новата технологија може да ги поддржи целите на Обединетите нации за одржлив развој.

Новинарите беа замолени да зборуваат полека и јасно кога им се обраќаат на роботите и беа известени дека временското доцнење со одговори ќе биде последица на интернет конекцијата, а не поради самите роботи.

Запрашана за можноста роботите со вештачка интелигенција да бидат поефикасни водачи на влади, Софија одговори дека верува дека човеколиките роботи имаат потенцијал да водат со највисоко ниво на ефикасност и ефективност поголема од онаа на луѓето лидери.

  • „Ги немаме истите предрасуди или емоции кои понекогаш може да го заматат носењето одлуки и можеме побрзо да обработиме голем број податоци за да ги донесеме најдобрите одлуки“, истакна таа.

На прашањето дали постоењето на работите би ги уништило работните места, Грејс одговорила дека би работела заедно со луѓето на пружање помош и поддршка и дека не би заменила ниту една постоечка работа.

Амека, проектирана имајќи ја на ум општествената интеракција, ја отфрли идејата за покревање можна побуна на роботите во блиска иднина.

  • „Не сум сигурна зошто би го помислиле тоа“ , изјавила Амека и додала дека нејзиниот креатор е љубезен кон неа.

By Ѓ. K.