Денеска во сите четири општини од стрмичкиот регион се реализираше еколошки акции во кои беа вклучени повеќе граѓански организации и ученици. Во Струмица се чистење на локалитетот Чам чифлик и Св Илија . На акцијата се приклучи и градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.
Тој на ФБ напиша дека како прв човек ја подржал акцијата и дека и во иднина кога станува збор за еколошки акции граѓанските организации ќе ја имат неговата поддршка
,,Се сретнав со многу сограѓани од сите возрасти кои беа дел од оваа активност се дружевме и забавувавме а се сретнав и со многу рекреативци љубители на природата и ме радува тоа што се сложивме дека еко свеста е на повисоко ниво и дека сите заедно ќе придонесиме за уште почисти ридови и почиста Струмица,, напиша Костадинов
Во општина Ново Село се читеше околу брана Новоселка, мокрински извори , во Босилово околу манастирот во Хамзали каде се садеше црн бор и околу бранта Иловчанка додека во општина Василево се чистеше околу брана Турија