ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината. Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.
„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за реализираните активности од страна на ЈПКД „Турија“, Василево.