• Sat. Nov 23rd, 2024

Четири лица фатени со два килограми марихуана

ByЃ. K.

Jul 27, 2023

Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка.

– По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.