Четврт ден протести во Струмица. Граѓаните и денеска излегоа да ги испорачаат барањата за повлекување на аболиција за политичарите, но и оставка од претседателот Иванов кој ја донесе одлуката. Денеска за првпат се пуштаа и дел од прислушкуваните материјали, односно бомбите кои минатата година ги објави опозицијата. Протестниот марш почна од старата полиција, по улиците Ленинова и Гоце Делчев, и преку старата чаршија заврши до малиот градски парк.