Одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица се на чекор да испишат историја и да се пласираат меѓу четирите најдобри екипи во одбојка за основни училишта. Пречка ќе бидат училишниот тим од Кина која е светска одбојакрска сила. Струмичанки до четвртиналето стасаа откако славеа победа од 2:1 во сетови над училишната екипа од Баку, Азербејџан во третиот натпревар на Светското првенство во одбојка за основни училишта во Пореч, Хрватска. Со скор од две победи и еден пораз тие го освоија второто место во групата Ц и се пласираа во четвртфиналето каде треба силите да ги одмерат со најдборито тим од групата А кинески Тајпеј