Во населеното место Чанаклија, на тамошното фудбалско игралиште, по повод престојните Велигденски и Првомајски празници се одржува турнир во фудбал на кој учествуваат четири екипи По направената ждрепка денес се одиграа полуфиналните натпревари во кои фудбалската екипа на Чанаклија беше подобра од екипата на Нова маала додека во вториот полуфинален дуел, екипата од Висока маала беше поубедлива од екипата на Дрвош.
Победниците од овие два натпревари силите ќе ги одмерат на 2 мај кога ќе се знае и победникот на овој турнир а пред одигрувањето на дуелот Чанаклија -Висока Маала во малото финале ќе играат Нова маала и Дрвош. Овој турнир е под покровителство на општина Василево за што на екипата што ке го освои првото место ќе добие 8000 денари , второпласираната 5 000 додека победникот во малото финале ке добие 3 илјади денари