Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано два пожари на отворено, до утрово: еден во Скопскиот регион и еден во општина Радовиш каде што пожарникарите гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Покрајчево на површина околу 15 хектари.
ЦУК апелира дека треба да се избегнува палење оган на отворено, заради тоа што вегетцијата е сѐ уште многу сува, врнежите беа мали и и температурите преку ден се во покачување.
Истовремено, се апелира итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на 112 во ЦУК, во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата, додаваат од ЦУК.