• Fri. Nov 22nd, 2024

ЦУК: Ангелов со Манчев остварија увид на критичните точки за поплави во Општина Босилово

ByВане Трајков

Dec 21, 2021

Надлежните ќе мора да интервенираат на коритата на реките Струмица и Јазга во општина Босилово со цел во иднина да не доаѓа до излевање и поплави на околните обработливи површини. Станува збор за четири критични точки на реката Струмица кои го има однесено речниот брег и евентуално нови врнежи од дожд или надојдени води ќе предизвикат повторно поплави. Општина Босилово реагирале уште на 9 ноември но интервенција од АД Водостопанство нема

Критичните точки ги посети и првито човек на Центарот за управување кризи. Ангелов кажа дека мора сите засегнати страни да реагираат пред се во делот на превентивата. Како што кажа ќе проверувал зошто досега Водостопанство не реагирал на чистење на реката Струмица по  укажувањата на општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *