Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, предводен од директорката Жулиета Ѓуркова присуствуваа на седмиот Регионален Самит за Претприемништво за доделување на наградата „Stvaratelji za stoljeca“ кој се одржа во Дубровник, Р.Хрватска. На оваа манифестација на Ѓуркова, како Директорка на ЦРЈИПР и беше врачена една од најпрестижните награди и признанија во Југоисточна Европа, на која беа доделени награди на најзаслужни личности, организации и инстистуции чија посветена работа придонесува за развој на претприемништвото и економијата во Средна и Југоисточна Европа.
Наградата „Stvaratelji za Stoljeca“ е еден вид претприемнички Оскар и се доделува само на големите визионери и лидери на утрешнината чија бестрашност, работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата.
Признанието е потврда за уникатноста на стратегијата и способноста на Центарот да креира долгорочен и здрав раст, фокусиран на безрезервна поддршка на бизнис заедницата. Во тоа светло Центарот го гради своето реноме: секогаш отворени за соработка, иновативни и уникатни. Како во изминативе 13 години, така и во иднина фокусот на нашиот тим ќе биде насочен кон спроведување на активности и проeкти за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани. Оваа награда е само потврда дека сме на вистинскиот пат. – истакна Г-а Ѓуркова на самитот “300 Најдобри”.
Целта на оваа награда е јавно да им се даде признание на најдобрите со цел да ги препознае пошироката јавност, кои во овие динамични времиња со оригинални решенија и креативност го унапредуваат животот во зедницата и претприемаштвото.
Со добивањето на оваа престижна награда и признание за придонес во развојот на претприемаштвото и економијата, Директорката на Центарот за развој на ЈИПР, Г-а Жулиета Ѓуркова е назначена и за член на Меѓународниот комитет за доделување на награди.
Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на Центарот, кои со голема доверба и лојалност ни ги доверуваа сите проекти кои ние ги реализиравме во текот на овие 13 години. Голема е одговорноста која ни е дадена и со сета наша волја, сила и желба да го подобриме животот на сите околу нас продолжуваме во остварување на оваа голема визија.