• Sat. Nov 23rd, 2024

Црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ започна со фрескописот

ByВане Трајков

Dec 31, 2020

Со Божја милост и благослов на епископот Стојанов на 29 декември 2020 година започна да се фрескоживописа парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица.

Пред самиот почеток на работите парохот о. Гоце Костов на фрескописецот Ѕвонко Ангеловски од Струмица му додели благослов за успешно започнување и завршување на фрескописот.

Црквата ќе се фрескописа етапно, започнувајќи од олтарниот дел, а ќе се финансира со донации на верниците и луѓе со добра волја. Од тука свештениците и црковниот одбор ги повикуваат верниците и сите луѓе со добра волја да помогнат што побрзо да се заврши отпочнатиот фрескопис со што црквата ќе го добие својот вистински духовен сјај и убавина.

Воедно од парохијата искажуваат голема благодарност до оние кои веќе донираа за започнување со фрескоживописот.

Имено во светата Литургија, која секојдневно се служи во црквите, покрај другите молитвени повици, неколку пати се спомнуваат и дарователите и добротворите на светиот храм, во кој се служи светата Литургија, објави сајтот Католици.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *