На ден 6.3.2024 година, ОO на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција по повод меѓународниот ден на жената 8 Март.
Акцијата се одржа во просториите на Црвен крст Струмица од 09:00 до 14:00 часот. Крв даруваа 18 крводарители.