• Fri. Nov 1st, 2024

Црвен крст Струмица одржа трибина посветена на борбата против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари)

ByЃ. K.

Nov 24, 2023

Месец ноември согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година месецот на борба против зависности се одбележа под мотото „Информирај се и донеси одлука!”

За таа цел на ден 23.11.2023 година Општинската организација на Црвен крст Струмица организира трибина со врсничкиот едукатор и волонтер Слободанка Чолакова, претставници од СВР – Струмица и претставник од здружението Избор, кои дадоа свој придонес во превенцијата од штетните последици од зависностите како и подигање на свеста кај младата популација во борбата против болестите на зависности. Трибината се одржа во просториите на младинскиот центар во Општина Струмица.

By Ѓ. K.