Црвениот крст од Струмица денеска одржа едукативна работилница во ООУ „Видое Подгорец“.
– На едукативната работилница присуствуваа 14 ученици од VII одделение. Истите се запознаа со најчестите типови на повреди и животозагрозувачки состојби и начинот на нивно третирање. Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и ги зголемува шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединец или на група луѓе е во опасност. Затоа, пред нас останува предизвикот да ја разбереме вредноста која првата помош ја има во секојдневниот живот, се вели во информацијата од Црвен крст.
Оттаму додаваат дека Црвениот крст ќе продолжи и понатаму да се залага првата помош да го завземе вистинското место во нашето општество бидејќи секој од нас има одговорност да придонесе за побезбедна средина.