На 6.3.2024 година во Црвениот крст на РСМ се одржа средба со локални координатори на социјалната услуга помош и нега во домот, од 12 општински организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје.
Целта беше да се разгледаат актуелни прашања врзани со испорака на услугата, која се обезбедува на вкупно 740 стари лица во домашни услови, од страна на 250 негуватели.