Центарот на заедницата на општина Струмица планира да го организира следниот Отворен ден со членови на Советот на општина Струмица во текот на месец јуни. Целта на настанот е да се доближи работата на комисиите при Советот на општина Струмица до граѓаните, да се запознаат со нивната работа, но и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози, како и во носењето одлуки на локалната самоуправа. Веруваме дека реализацијата на оваа активност ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, учеството на граѓаните во работата на Општината и кон промоција на работата на Советот. Граѓаните би имале можност да даваат предлози и идеи до членовите на Советот на општината, а со тоа тие и одблизу ќе се запознаат со проблемите со кои граѓаните се соочуваат.
Оваа активност е во соработка со Советот на општина Струмица, а е дел од програмските активности на Центарот на заедницата на општина Струмица во рамки на проектот Институционална поддршка за 2017 г., финансиски овозможен од Фондација Отворено општество – Македонија.
Посетете го следниот линк: http://ccstrumica.mk/…/otvoren-den-so-chlenovi-na-sovetot-…/ и вклучете се во дискусијата.