Последната одлука на РКЕ ја зголеми цената на бензинот “Супер 95“ додека останатите нафтени деривати и оваа недела остануваат со исти цени како и претходните.
Од ноќеска на полноќ почнаа да важат цените согласно кои ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе се точи по 67,00 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава по 69,00 денари за литар, а дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини исто така 60,00 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари за литар.