Горивата од полноќ ќе се продаваат по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.
Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит .
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 29,651 ден/кг.