• Sat. Nov 23rd, 2024

Цената на гасот се намалува – донесена одлука за намалување на ДДВ од 18% на 5%

Струмица ќе добие гас со намалена даночна стапка од 18% на 5% што беше барање на општина Струмица до Владата како мерка против загадувањето. Веста за намаленото ДДВ на гасот ја објави владејачката партија СДСМ преку соопштение наведувајќи дека одлуката е донесена.

Од СДСМ велат дека намалувањето на данокот на додадена вредност ќе влијае на намалување на цената на природниот гас, што го прави овој реагенс попривлечен за компаниите, општините и граѓаните.

Предлогот за намалено ДДВ го достави општина Струмица до Владата лани во декември со надеж дека пониската цена на ДДВ ќе го направи гасот попривлечен и подостапен до домаќинствата што се греат на дрва, особено оние кои имаат парно греење на дрва. Ова е клучна мерка што сака градот да ја понуди за борба против загаденоста. Оваа грејна сезона, Струмица се искачуваше на врвот на најзагадени градови во државата, поради што општината воведе превентивни мерки.

Другите мерки за кои размислува општина Струмица се зголемување на зелените површини во градот, но и повластени услови за иневститорите кои планираат да градат зелени кровови и зелени фасади на своите објекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *