По изборот на Борче Цветков за прв човек на струмичките социјалдемократи се комплетира партиското раководство на Општинската организација на СДСМ Струмица. Новиот претседател Цветков за потпретседател на огранокот на владеачката партија во Струмица го именуваше Столе Коциров кој е актуелен прв човек на младите социјалдемократи од ова општина.
Новиот претседател на ОО СДСМ Струмица, Борче Цветков за генерален секретар пак ја постави Ани Касапова. Таа на социјалните мрежи се заблагодари на укажаната доверба и вети дека одговорно и професионално ќе ја извршува оваа функција
,, Сплотени како и досега, ќе работиме посветено за светла иднина за партијата но и за нас граѓаните,, напиша Касапова